VITA RES

από

RESEN

(επεξεργασία φρούτων και λαχανικών, παραγωγή συμπυκνωμάτων, πουρέ και κατεψυγμένων μήλων)

+38975421259

November 14, 2020, 5:02:06 PM
Нутриционист

Блитва

со редовно консумирање на блитвата се постигнува значителна превенција од остеопороза, анемија и се намалува ризикот од појава на макуларна дегенерација.

Блитвата (Beta vulgaris) е со темнозелени и големи листови и е едена од најнутритивните зеленчуци Таа спаѓа во групата на ниско-калорични намирници, па се смета за идеален зеленчук за одржување на телесната тежина. Содржи витамини Б, К и Ц, како и бета-каротин, магнезиум, железо, калиум, калциум. Блитвата содржи и флавоноидни антиоксиданти, како кверцетин, каемферол, рутин и витексин.


Cyber Green Market News

Бидејќи е богата со антиоксиданти што се борат со слободните радикали, кои, пак, водат до многубројни болести, блитвата е одлична во борбата со нив. Консумирањето храна богата со антиоксиданти како што е блитвата, може да ги намали шансите за развивање хронични болести. Антиоксидансите во блитвата помагаат при воспаленија и го забрзуваат процесот на закрепнување. Го намалуваат крвниот притисок и го олеснуваат притисокот во срцето и крвните садови.

Обезбедувањето храна богата со растителни влакна како што е блитвата за човекот има многубројни здравствени придобивки и лицата со таква исхрана имаат помалку шанси да развијат канцер на цревата, во стомакот и имаат намалени можности за развој на срцеви заболувања. Се смета дека со редовно консумирање на овој зелено листест зеленчук се постигнува и значителна превенција од остеопороза, анемија и се намалува ризикот од појава на макуларна дегенерација.

Илија Бузлевски

VITA RES

από

RESEN

(επεξεργασία φρούτων και λαχανικών, παραγωγή συμπυκνωμάτων, πουρέ και κατεψυγμένων μήλων)

+38975421259