VITA RES

από

RESEN

(επεξεργασία φρούτων και λαχανικών, παραγωγή συμπυκνωμάτων, πουρέ και κατεψυγμένων μήλων)

+38975421259

June 9, 2020, 3:53:01 PM
Македонија

Безбедноста на храната заедничка одговорност

Агенцијата за храна и ветеринарство се приклучи на глобалната иницијатива за одбележување на 7 јуни - Светски ден на безбедна храна, кој минатата година за прв пат го востанови Организацијата на Обединетите Нации. Целта на иницијативата е подигнување на јавната свест за безбедноста на храната и информирање на јавноста за важноста од превенирање и управување со ризиците поврзани со неа, унапредување на здравјето на граѓаните, економскиот просперитет, развојот на земјоделството и пазарите.

Под мотото „Безбедноста на храната заедничка одговорност, АХВ се приклучи кон глобалната иницијатива за безбедна храна востановена од Обединетите Нации. Во услови на вонредна состојба поради пандемијата со вирусот КОВИД 19 во земјава, од почетокот на епидемијата, без никаков застој во работењето, се реализираат активностите од сите програми од областа на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните. Засилени се и инспекциските контроли како еден од приоритетите за грижа за здравјето на граѓаните и во услови на прогласена пандемија, кога граѓаните и операторите со храна функционираат во нови, досега непознати услови за живеење, но и за производство и трговија со храна, се вели во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Cyber Green Market News

Инспекторите за храна и официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство досега спроведоа повеќе од 14.700 инспекциски контроли, при што како најчести недоследности се утврдени оние кои се однесуваат на неодржувањето на хигиената во објектите, неводење на записи согласно HACCP плановите за контрола на критичните контролни точки и неспроведување на мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Потврда на функционалноста на интегрираниот систем за контрола на безбедноста на храната на Агенцијата за храна и ветеринарство е фактот дека веќе 18 месеци не се евидентирани случаи на труења со храна.

Со цел заштита на здравјето на граѓаните и подигнување на безбедноста на храната на повисоко ниво и во услови на пандемија, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе и сет на препораки за реализација на активностите од областа на безбедноста на храната и здравствената заштитана животните. Пандемијата наметна измени на правилата за транспорт и трговија со храна и живи животни поради што беа донесени процедури за транспорт на стоки во меѓународниот и внатрешниот превоз. Како одговорна институција креиравме и препораки за граѓаните за безбедно пазарење во маркетите, за зголемување на безбедноста при подготовката на храна во домовите, како и за зголемување на безбедносните мерки во капацитетите за производство, преработка на храна, трговијата и угостителството.

Безбедноста на храната е грижа на сите вклучени во системот, почнувајќи од државата и институциите, операторите со храна и самите потрошувачи. Според Светската здравствена организација повеќе од 600 милиони луѓе се разболуваат, а 420 илјади умираат секоја година од небезбедна храна, загадена со бактерии, вируси, паразити, токсини или хемикалии.

Б.А.Н.

VITA RES

από

RESEN

(επεξεργασία φρούτων και λαχανικών, παραγωγή συμπυκνωμάτων, πουρέ και κατεψυγμένων μήλων)

+38975421259

Αυτή η μαρτυρία σχετίζεται με:

JOSIE LANE

Καλλιτεχνικός διευθυντής

Αυτή η μαρτυρία σχετίζεται με:
Ημερομηνία Δημιουργίας
Χώρα

Εισαγάγετε την ομάδα σας! Κάντε κλικ εδώ για να προσθέσετε εικόνες, κείμενο και συνδέσμους ή να συνδέσετε δεδομένα από τη συλλογή σας.